- Тоа е класично мешање на улогите на жртва и џелат. Ова е рускиот наратив, (претседателот Владимир) Путин со години на тој начин ги претставува работите и јас сум прилично шокиран што сега Доналд Трамп очигледно го прифати тоа, истакна Мерц.
Мерц е фаворит за германски канцелар, а неговата централно-десничарска Христијанско-демократска унија (ЦДУ/ЦСУ) убедливо води во анкетите.
- Сега е важно европските лидери брзо да се договорат за заедничка стратегија за справување со ова прашање, истакна Мерц за подадената рака на Трамп кон Путин.
Изјавата на Мерц уследи откако Трамп директно го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната, која ја почна Русија.