Папата Франциск ќе биде погребан в сабота, објавени првите фотографии од неговото тело

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Франциск ќе биде погребан в сабота, објавени првите фотографии од неговото тело

Едноставно, скромно и без големи церемонии – вака според најавите ќе се одвива погребот на Папата Франциск кој како што соопштија од Ватикан ќе се одржи во сабота во 10 часот. По негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, што ќе биде прв пат по еден век  Папа да не биде погребан во Ватикан. Во неговиот тестаменТ кој беше објавен утринава, тој решил да се откаже од повеќе традиции кои му следуваат како поглавар на Римокатоличката црква. Наместо три, ќе има еден обичен дрвен ковчег, а на неговиот гроб ќе стои само неговото име, без титулата која ја носеше 12 години.

Во Црквата Санта Марија Маџоре, како што наведе тој во неговиот тестамент, со особена едноставност и тоа е можеби последната порака која тој ја испрати. Пред се, да се потсетиме дека тој сака да биде погребан под сенката на една жена, во случајов Богородица, тоа е значајно. 

Ватикан утрово објави и видео материјали од телото на Франциск кое беше изложено во отворен ковчег во неговата резиденција во Санта Марта, за церемонијата за потврда на смртта која траеше околу еден час. Утре пак, ќе биде пренесено во Базиликата Свети Петар, каде ќе остане до сабота. Официјалните причини за неговата смрт како што соопштија од Ватикан се мозочен удар, пад во кома и неповратен застој на работата на срцето. Во ритуал стар стотици години, апартманот во кој тој престојувал за време на неговиот понтификат и официјално беше запечатен, со што црквата влегува во „седе ваканте“ или празен престол, периодот меѓу смртта на еден папа и изборот на неговиот наследник.

На погребот на кој се очекуваат голем број на верници, присуство најавија и голем број на шефови на држави и влади од светот, меѓу кои Макрон, Трамп, Зеленски.

Ќе бидеме на погребот на папата, како што доликува.

Сите федерални знамиња и државни знамиња ќе бидат на половина копје во знак на почит за Папата Франциск. Тој беше добар човек, работеше напорно, го сакаше светот и чест е да се направи тоа.

Првиот латино американски Папа за многумина ќе остане запаметен како симбол на скромност, дијалог и верба, но и како најпрогресивен Понтиф кој успеал делумно да го промени лицето на модерното папство.

Луѓео внатре и надвор од црквата сфатија дека можеме да комуницираме и да си помогнеме едни на други и тоа е најосновната важна работа која тој ја остави. / Тој беше повеќе од Папа. Тој беше политичар, хуманитарец. Тој ги претставуваше дури и тие кои не веруваа во господ. / Мислам дека беше прекрасен. Неговата едноставност, добрина, неговата грижа за луѓето.

Тој ме назначи за Биспуп. За мене Папата Франциск беше како татко, како пример за пастир, пријател кој ме познаваше и разговараше со мене.

По смртта на Франциск, течат деветте денови на жалост, а Конклавата на која треба да се избере нов поглавар на Римокатоличката црква ќе се одржи во рок од најмногу 20 дена во Сикстинската Капела. За изборот во Ватикан се очекува да пристигнат над 250 кардинали од целиот свет, но право на глас ќе имаат 138, односно оние кои во моментот се помлади од 80 години. Светските медиуми веќе лицитираат за најизвесните наследници на Франциск, меѓу кои се унгарскиот кардинал Петер Ердо, кардиналот од Филипините Луис Ентони Тагле и актуелниот државен секретар во Ватикан, Петро Паролин. Изборот на новиот Понтиф потоа ќе биде традиционално објавен со бел чад.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата