На прашањето за кражбата за време на традиционалниот велигденски настан во Белата куќа, Ноем призна дека инцидентот се случил и рече дека случајот се уште не е решен, пренесува Си-Ен-Ен.
Тајната служба, која ја обезбедува министерката, ги прегледала снимките од безбедносните камери од ресторанот Капитал Бургер. На нив се гледа како белец кој носи медицинска маска ја зема нејзината чанта и го напушта ресторанот, изјави извор од обезбедувањето.
Крадецот побегнал со министерската возачка дозвола, лекови, клучеви од станот, пасош, службена лична карта на Министерството за внатрешна безбедност, торбичка за шминка, бланко чекови и околу 3.000 долари во кеш. Тајната служба покрена истрага за да утврди дали некој се обидел да ги искористи нејзините финансиски документи, додаде истиот извор.
„Ова е сериозно нарушување на безбедноста што може да има далекусежни последици“
"Целото нејзино семејство беше во Вашингтон, вклучувајќи ги и децата и внуците. Парите што ги собра беа наменети за вечера, излети и велигденски подароци за семејството", изјавила портпаролката на Одделот за домашна безбедност.
Безбедносните експерти предупредија дека ваков инцидент, во кој крадец успеал толку да се доближи до членка на владата и да избега со нејзините лични работи, може да укаже на сериозен безбедносен пропуст.
„Ова е сериозен безбедносен пропуст кој може да има далекусежни последици и бара итна и темелна истрага од страна на Тајната служба, Одделот за домашна безбедност и други безбедносни агенции“, рече Џонатан Вахроу, висок безбедносен аналитичар на CNN и поранешен агент на Тајната служба.
„Доколку е потребно, Тајната служба на САД ќе мора да го промени начинот на кој се справува со безбедноста на вакви приватни настани“, изјави Вахроу за Кејтлин Колинс на Си-Ен-Ен на The Source.
Тој додаде дека Кристи Ноем „и понатаму е изложена на зголемен ризик од насочени закани, и од странски и од домашни актери, а нејзината јавна функција сама по себе ја прави симболична цел“.