Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека го поздравува египетскиот план за обнова на Појасот Газа и го повика американскиот претседател Доналд Трамп да поддржи таков план кој не вклучува раселување на палестинските жители на енклавата.
Говорејќи на самитот на Арапската лига, кој се обидува да се спротивстави на планот на Трамп за „Ривиера Газа“, Абас рече дека е подготвен да организира претседателски и парламентарни избори доколку дозволат околностите и додаде дека Палестинската управа е единствената легитимна владина и воена сила на палестинските територии.
Тој истакна дека ќе прогласи општа амнестија за сите луѓе протерани од движењето Фатах, кое владее на Западниот Брег. /МИА