Волц: Враќањето на помошта за Украина зависи од враќањето на довербата

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Волц: Враќањето на помошта за Украина зависи од враќањето на довербата

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за повторното враќање на помошта за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.

Трамп во понеделникот ја прекина испораката на помош за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса.

Волц рече дека писмото е „добар, позитивен прв чекор“.

Официјалните лица разговараа за датумот, местото и преговарачките тимови кои треба да доведат до крај на војната, додаде тој.

„Веќе преземаме чекори за да ја вратиме довербата што ќе им ја пренесеме на Русите и ќе ја тестираме нивната страна“, рече Волц во интервју за телевизијата Фокс.

Тој не прецизираше кои се чекорите.

„Мораме да се погрижиме двете страни искрено да сакаат да преговараат прво за делумен, а потоа за постојан мир“, посочи тој./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата