Ограбен е бутик на „Луј Витон“ во центарот на Рим – непознати крадци користеле бритална тактика

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ограбен е бутик на „Луј Витон“ во центарот на Рим – непознати крадци користеле бритална тактика

Бутикот бил ограбен на централната римска улица Виа Кондоти во близина на Шпанските скали.

Истрага на лице место

Според првичните реконструкции, тим од тројца маскирани мажи ноќеска, околу 1:30 часот, го удрил својот автомобил во излогот на продавницата и влегол внатре.

Вредноста на украдената стока сè уште не е позната.

Истражителите започнале истрага на лице место, соопштија властите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата