-За да го постигнеме ова, потребна ни е промена во нашите политики во многу аспекти, рече конзервативниот лидер денеска за време на неговата прва владина изјава пред Долниот дом на парламентот, Бундестагот, во Берлин.
Мерц рече дека новата влада - составена од неговите христијански демократи, нивната баварска сестринска партија и социјалдемократите - е свесна за главните домашни и меѓународни предизвици со кои се соочува Германија - „не само во однос на јавните финансии“, пренесе ДПА .
Германија, меѓутоа, нагласи тој, е силна и може да се потпре на напорната работа, генијалноста, креативноста и посветеноста на својот народ, додавајќи дека новата влада е убедена „дека нашата голема земја може сама да ги надмине предизвиците на нашето време и да ги претвори во нешто добро“.
Неговото отворено ветување „просперитет за сите“ беше асоцијација за поранешниот министер за економија и канцелар, Лудвиг Ерхард, на кого му се припишува повоеното економско закрепнување на Германија, а кој напиша и книга со наслов „Просперитет за сите“, потсетува германската агенција./МИА