Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

- Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа.

Тој додаде дека Израел соработува со САД за пронаоѓање држави кои би можеле да им понудат подобра иднина на Палестинците.

На прашање за евентуалното преселување на Палестинците, Трамп одговори дека гледа подготвеност за соработка од соседните земји на Израел.

Нетанјаху истакна дека Израел е подготвен на мир со оние палестински соседи што не сакаат негово уништување, но задржува суверено право да ја брани својата безбедност.

За евентуална промена на режимот во Иран, Нетанјаху изјави дека тоа зависи од самите Иранци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата