Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослабе власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси.
Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на 60-дневниот прекин на огнот, за што Израел и Хамас водат преговори. Исто така е предвидено со кампот да управуваат „меѓународни партнери“, а израелската армија ќе се грижи за безбедноста.
Израелскиот министер за одбрана посочи и дека се изготвуваат планови за изградба на „хуманитарен град“ врз урнатините на градот Рафа, кој е во голема мера уништен во војната.
Во Појасот Газа живеат помалку од два милиони луѓе, а поголемиот број од нив се раселени за време на конфликтот. Ниту една земја во светот не изрази подготвеност да прифати Палестинци од Појасот Газа.