Нереални снимки од Минхен- градот е парализиран поради снегот (ВИДЕО)

2.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нереални снимки од Минхен- градот е парализиран поради снегот (ВИДЕО)

Снегот го парализираше Минхен, јавниот превоз е во прекин, а летовите се откажани.

Обилни снежни врнежи ја погодија јужна Германија од синожа и продолжија да паѓаат утрово, предизвикувајќи големи проблеми на аеродромот во Минхен, вториот најфреквентен центар во земјата. Утринава аеродромот соопшти дека ги прекинува летовите до пладне, а потоа ги одложија сите летови до недела во 6 часот.

Германската метеоролошка служба DWD прогнозираше долготраен снег до попладнево за поголем дел од Баварија, а на места се очекуваат дури 30-40 сантиметри снег, „од кој голем дел треба да падне во текот на ноќта во сабота“.

Повеќето локални автобуски и трамвајски линии се откажани од синоќа, бидејќи условите на патиштата се многу лоши.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата