Петмина загинати цивили во пакистански напад во индискиот регион Џаму (ВИДЕО)

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петмина загинати цивили во пакистански напад во индискиот регион Џаму (ВИДЕО)

„Очигледниот обид на Пакистан да го наруши суверенитетот на Индија и да го загрози цивилното население е неприфатлив“, соопшти индиската армија на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека ќе ги „сопречи непријателските планови“.

Воените власти изјавија дека забележале повеќе дронови над градот Амритсар, но сите биле уништени од противвоздушната одбрана, објави НДТВ.

„По западната граница продолжува ескалацијата на пакистанските активности со употреба на дронови и други муниции“, истакна индиската армија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата