Во два напади во западниот дел на градот Газа во текот на ноќта загинаа шест лица, изјави портпаролот на Цивилната одбрана Махмуд Басал.
Тој додаде дека во бомбардирањето на куќа во Кан Јунис, на југот на палестинската територија, загинало едно лице.
Според арапски медиуми, во нападите на израелските сили од раните утрински часови загинале најмалку 14 луѓе во Кан Јунис и градот Газа.
Израел на 18 март го прекина примирјето и ја продолжи воздушната, а потоа и копнената офанзива против палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.
Според податоците на Министерството за здравство на Хамас, најмалку 1.864 Палестинци се убиени од 18 март, додека од почетокот на израелската офанзива во 2023 година загинале 51.240 Палестинци.