Објавени се последните зборови на Папата

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени се последните зборови на Папата

„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Францис на Масимилијано Страпети, кој му пружил 24-часовна нега на папата во изминатиот период, објавија денеска официјалните медиуми на Ватикан, пренесе Индекс.

Почина по мозочен удар

Франциск (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и се чинеше дека е подобро.

Последните денови ги помина работејќи, спротивно на советите на лекарите кои му наложија да одмори најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне. Во недела, Велигден, на плоштадот Свети Петар го пречекаа околу 35 илјади верници. Папата седна на подигнато столче во задниот дел од Папамобилот.

Верниците извикуваа „вива ил папа“ (да живее папата), а неговото возило запре неколку пати за да може Франциск да ги благослови бебињата што му ги донеле неговите помошници.

„Тој не страдаше, сè се случи многу брзо“

Остатокот од неделата Папата го поминал вообичаено, имаше „тивка вечер“. Првите знаци на влошување на здравјето се појавија во понеделник наутро во 5:30 часот.

„Нешто повеќе од еден час подоцна, гестикулирајќи со раката кон Страпети, Папата падна во кома“, објави Ватикан. „Тој не страдаше и сѐ се случи многу брзо“, се вели во соопштението и се додава дека Франциск починал откако „повторно ги прегрнал луѓето, по долго време“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата