Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

26.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск денеска, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим, каде што ковчегот со телото на Папата беше пренесен во црквата Санта Марија Маџоре каде што беше погребан, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози.

„Меѓу присутните на плоштадот 'Свети Петар' за мисата и 'присутните по преминот' кон базиликата 'Санта Марија Маџоре', проценуваме дека имало не помалку од 400.000 луѓе“, рече Пјантедози.

Десетици лидери, меѓу кои американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот принц Вилијам, францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот крал Фелипе, денеска им се придружија на стотиците илјади верници кои стоеја по улиците на Рим или се собраа на плоштадот „Свети Петар“. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата