Над 100 илегални мигранти се уапсени во ноќен клуб во Колорадо (ВИДЕО)

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 100 илегални мигранти се уапсени во ноќен клуб во Колорадо (ВИДЕО)

Американската администрација за борба против дрога (ДЕА) објави дека федералните агенции за спроведување на законот извршиле рација во ноќен клуб во Колорадо Спрингс, при што уапсиле 114 мигранти кои нелегално престојувале во Соединетите Држави.

ДЕА наведува дека сите уапсени мигранти веројатно ќе бидат депортирани од САД.

Американскиот државен обвинител Пам Бонди објави на платформата X дека ноќниот клуб во Колорадо го посетуваат терористи од венецуелската банда ТДА и салвадорската МС-13.

Бонди изјави дека за време на рацијата биле запленети кокаин и метамфетамин и дека две лица биле уапсени врз основа на потерници.

Оваа рација беше една од најголемите апсења откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари, објави Ројтерс.

Трамп вети дека ќе ги депортира мигрантите кои се нелегално во САД.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата