Мелони в петок во Рим го пречекува американскиот потпретседател Венс

13. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони в петок во Рим го пречекува американскиот потпретседател Венс

Американскиот потпретседател преминал во католицизам, а според италијанските медиуми неговата посета на Италија треба да опфати и посета на Ватикан бидејќи 18 април е Велики петок, кој се слави два дена пред Велигден. 

Шефицата на италијанската Влада и на десничарската партија „Браќата на Италија“, Џорџија Мелони, која ќе го прелета Атлантикот за 48 часа за да се врати во Рим и таму да биде домаќин на Џеј Ди Венс, не сака да биде засенета во политичките активности од нејзиниот заменик-премиер Матео Салвини, лидер на Лига (екстремно десничарска партија), кој пред три недели имаше телефонски разговор со американскиот претседател. 

Мелони пред две недели се согласи со критиките на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на сметка на Европа, каде, како што истакна, слободата на изразување и демократијата отидоа надолу. 

„Морам да кажам дека се согласувам“, изјави таа за „Фајненшл тајмс“, додавајќи: „Со години предупредувам за тоа и мислам дека Европа малку се загуби. 

Во екот на посетата на италијанската премиерка на Вашингтон, која се одвива во услови на трговски тензии и покрај привременото суспендирање на американските царини, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во неделата во интервју за „Кориере дела сера“ повтори дека „трансатлантските односи се приоритет на нашата надворешна политика“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата