Скокале во паника од зградите- над 150 лица завршиле во болница по земјотресите во Истанбул

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скокале во паника од зградите- над 150 лица завршиле во болница по земјотресите во Истанбул

Тој рече дека нема негативни околности кои би влијаеле на општите услови за живот во енергетиката и инфраструктурата, снабдувањето со природен гас, водата за пиење и канализационата инфраструктура, пренесува турски Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека една напуштена зграда се урнала во истанбулскиот кварт Фатих, но дека во инцидентот нема загинати или повредени, истакнувајќи дека единиците на итната помош продолжуваат со работа на терен.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сите релевантни единици во Турција се во состојба на готовност откако подрачјето на Истанбул беше погодено од серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

„Го следиме процесот многу внимателно. Засега се чини дека нема проблем“, рече Ердоган.

Потресите беа почувствувани и во околните провинции, како и во Анкара. Министерството за транспорт соопшти дека по првичните контроли на автопатите, аеродромите, возовите и метрото не е констатирана штета.

Претходно, земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Истанбул во Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот. Според првичните информации, зградите во Истанбул се треселе, а граѓаните истрчале на улиците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата