Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот

- Денеска имав можност да нагласам дека гаранциите за безбедност мора да значат силна украинска армија, без ограничувања по однос на бројност, капацитети и вооружување, која ќе биде способна да се спротивстави на секоја агресија, рече Макрон пред новинарите по средбата во Белата куќа со претседателите Трамп и Зеленски и со други европски лидери.

Францускиот претседател додаде дека на разговорите не била разгледувана темата за евентуални територијални отстапки од страна на Украина. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата