Кои се УСЛОВИТЕ НА УКРАИНА ЗА МИР?

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кои се УСЛОВИТЕ НА УКРАИНА ЗА МИР?

Уште пред почетокот на мисијата на Ватикан за решавање на конфликтот во Украина, Михаил Подољак претстави низа услови за мировни преговори со Русија со посредство на Ватикан.

Во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, Подољак истакна дека Киев ќе ја поддржи мировната иницијатива на папата само „доколку Ватикан промовира повлекување на руските војници од територијата на Украина“.

Исто така, шефот на кабинетот на Зеленски побара помош од Светата столица за враќање на воените и цивилните затвореници и децата во Украина.

Претходно, папата Франциск му наложи на шефот на бискупската конференција на Италија, кардиналот Матео Зупио, да изврши „мисија која ќе придонесе за смирување на тензиите во украинскиот конфликт“.

Како што рече државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, главниот приоритет на мисијата е сите учесници да се обидат „да создадат клима и средина што може да доведе до мир, со цел да се запре масакрот кој силно ја погодува Украина, но има и значајни импликации за Русија“.

Според него, рано е да се зборува за датумите на можна посета на Жупи на Москва и Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи мировен план од десет точки за Украина.

Во прилог на ова, шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак на Телеграм објави дел од интервјуто што го даде за новинската агенција Интерфакс за какви било потенцијали за мировен самит. Тој во интервјуто вели дека повеќе е прашање кога, а не дали ќе се одржи меѓународниот самит, туку дека основата за разговорите мора да биде планот на претседателот.

„Денес е потребен мировен самит. Секој го разбира овој факт. Исто така, сите прифаќаат како апсолутно логичен и фер аргумент дека темелот треба да биде украинскиот мировен план: десетте точки на претседателот Зеленски. Сега позицијата на Украина е јасна: нашиот план е основата, но ние сме подготвени да ги слушаме сите оние земји кои го почитуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет. Подготвени сме да прифатиме некои елементи од други предлози“, изјави Јермак..

„Во моментов се поставува прашањето каде и кога да се одржи мировниот самит. Се разбира, сакаме тоа да се случи што е можно поскоро. Јули би бил идеален. Во моментов се водат консултации за ова. Многу е важно што навистина станува збор за самит на кој дефинитивно би учествувале лидерите на глобалниот југ. И, според моите чувства, ние сме многу блиску до успехот на овие консултации. Очекуваме голем број учесници на самитот“, додаде тој.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата