Тие ја споредија американската политика со „окото на торнадо кога сè изгледа мирно за момент, но јасно е дека доаѓа уште посилна бура“.
Во видеото, до меѓународната заедница се апелира да се спротивстави на, како што го нарекуваат, „американското малтретирање“, а преку низа примери ги покажуваат наводните негативни последици од американската економска доминација. Како илустрација, тие споменуваат како, според нив, „агресивната американска економска стратегија уништила компании како Тошиба и Алстом, а воедно предизвикала долгорочна економска штета на некои земји, како што е Јапонија“.
Never Kneel Down! pic.twitter.com/z8FU3rMSBA
— CHINA MFA Spokesperson 中国外交部发言人 (@MFA_China) April 29, 2025
-Попуштањето пред насилникот само ја продлабочува кризата. Кина нема да падне на колена, вели нараторот во видеото, кое е снимено на англиски јазик со кинески превод. Пораката ја прикажува Кина како симбол на слободна трговија и сигурен партнер на глобалната сцена.
Особено е интересно што САД во видеото се нарекуваат „хартиен тигар“ и се нагласува дека оваа земја не го претставува глобалното мнозинство. „Насилниците се хартиени тигри, а САД не го претставуваат светот. Кога светот зборува со еден глас, САД остануваат изолирани“, се вели во пораката, во која се предупредува дека Вашингтон ќе продолжи да води нестабилна и агресивна политика.
Како заклучок, Пекинг вели: „Нема да се повлечеме. Дури и послабите ќе имаат можност да им се чуе гласот. Колку е потемна ноќта, толку се посветли ѕвездите“, додаваат тие на крајот.