Најмалку 12 лица, меѓу кои и две бебиња, повредени во пожарите во близина на Ерусалим

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 12 лица, меѓу кои и две бебиња, повредени во пожарите во близина на Ерусалим

Се додава дека повеќето од пациентите се хоспитализирани поради последици од вдишување чад, а на 10 други лица им била потребна медицинска помош на лице место.

Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека имало најмалку пет пожари во ридовите на Ерусалим и дека неколку заедници се евакуирани, додека еден пат е затворен.

Канал 12 објави дека Италија и Грција испраќаат помош во Израел, а се очекува авионите да пристигнат за неколку часа.

Палестинската самоуправа, исто така, понуди помош во форма на противпожарни екипи, што веќе се случуваше и во минатото, но Израел сè уште не одговорил на понудата, рече безбедносен извор за „Тајмс оф Израел“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата