Хегсет ја критикува судијката која ја блокира забраната за трансродовите лица да одат во војска

23.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет ја критикува судијката која ја блокира забраната за трансродовите лица да одат во војска

Хегсет на платформата „Х“ напиша дека Рејес ги надминала своите овластувања со таа одлука.

На 27 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која ги ограничува правата на трансродовите лица, вклучувајќи го и правото да служат во американската војска.

Рејес ја блокираше забраната, со образложение дека го нарушува правото на еднаквост загарантирано со американскиот Устав. Рејес беше назначена од поранешниот американски демократски претседател Џозеф Бајден. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата