Се судрија два авиона на небото над Франција (ВИДЕО)

25.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се судрија два авиона на небото над Франција (ВИДЕО)

Авионите на француското воено воздухопловство кои учествуваа во аеромитинг се судрија денеска малку пред 16 часот на истокот на земјата, во Сен Дизие, јави државната телевизија Франс ТВ Инфо, додавајќи дека пилотите успеале да се катапултираат на време.

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни ја потврди несреќата на платформата Х.

„Денеска се случи несреќа во која учествуваа два авиони Алфаџет за време на вежба во источниот дел на Франција. Мобилизирани се спасувачките служби и се обезбедува координација меѓу државните служби.

Авионите беа во воздухопловната база БА 113 во Сен Дизие на обука оваа недела. Фотографиите кои наводно ја покажуваат несреќата се објавени на Фејсбук, пренесе БМФТВ.

Очевидецот Демиен, кој во близина возел автомобил во моментот на несреќата, за Франс 3 изјавил дека видел како двата авиони се допираат.

„Тие правеа бои на небото. Видов авион како паѓа, а потоа видов два падобрани - не знам дали беа од истиот авион. Потоа дел од крилото се откина, а авионот се урна во фабриката. Имаше пламен, чад... Бев шокиран кога го видов тоа. Се обидов да одам да помогнам, но полицајците и обезбедувањето го поставија безбедносен периметар.“, вели очевидецот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата