Хаос во авион: Претепуваат жена која се пожалила дека дете ѝ го клоца седиштето за време на целиот тричасовен лет (ВИДЕО)

14.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во авион: Претепуваат жена која се пожалила дека дете ѝ го клоца седиштето за време на целиот тричасовен лет (ВИДЕО)

Летот траел три часа и жената повеќе не можела да издржи, а откако авионот слетал, таткото, мајката и сестрата на момчето продолжиле да ја напаѓаат несреќната жена, објави Дејли Меил.

Објавено е видео кое го прикажува моментот кога семејството ја нападнало жената бидејќи се пожалила дека нивното мало момче постојано го клоцало нејзиното седиште за време на летот од 3 часа и 47 минути.

Кога слетал авионот CZ6164 на „Чајна Саутерн Ерлајнс“, настанал хаос бидејќи семејството ја опколило жената и ја нападнало, инсистирајќи дека треба да биде „поразбирлива бидејќи тоа е само дете“.

Инцидентот се случил на 7 август за време на летот од Шенжен до Далиан и сега го истражува Бирото за јавна безбедност на аеродромот Далиан.

Според патничката, момчето, кое седело директно зад жената, го клоцало нејзиното седиште во текот на целиот лет. И покрај повторените предупредувања, тој продолжил. Подоцна, додека одела по ходникот, наводно намерно ја удрил по рамото, по што слушалките ѝ паднале на подот.

Патничка го снимила насилниот напад во кабината по слетувањето. На видеото, жената може да се слушне како вика:

„Викнете полиција! Претерувате!“ додека ја туркаат и ја фрлаат на подот.

Се слуша член на семејството на момчето како вели:

„Тој е само дете! Не можете ли да покажете малку разбирање?“

Други патници и членови на екипажот се обиделе да интервенираат, но биле турнати назад, додека жената останала на подот, држејќи ги своите работи. Сведоците рекле дека таткото, мајката и постарата сестра на момчето биле вклучени во нападот. Таткото ја турнал, мајката викала, а сестрата ѝ ја кубела косата.

Компанијата потврдила дека инцидентот се случил, наведувајќи дека членовите на екипажот ја решиле ситуацијата и ја повикале полицијата, која сега го истражува случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата