Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во 15 болници во Романија по кибер напад

Меѓу 15-те болници, најмалку три се од Букурешт. Станува збор за Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, Клиничкиот завод „Фундени“ и Ургентната болница „Багдасар-Арсени“.

Системот за медицински услуги во овие медицински установи е од ИТ компанија чиј сервер беше нападнат утрово.

Останува да се утврди како ќе се пријавуваат и регулираат овие услуги, бидејќи доколку не можат да се внесат во системот, болниците нема да можат да добиваат пари од Фондот за здравствено осигурување.

Официјално соопштение или реакција од надлежните се уште нема. Но, раководителите на медицинските установи потврдија дека системот не функционира. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата