Германскиот парламент денеска не го усвои предлогот на опозицијата за заострување на имиграциската политика, два дена откако опозициските конзервативци беа обвинети дека го прекршиле договорот со тоа што не се согласиле да соработуваат со екстремната десница.
Опозицискиот лидер Фридрих Мерц, чија партија води во анкетите пред вонредните избори закажани за 23 февруари, рече дека новиот закон е неопходен одговор на серијата насилни убиства на јавни места извршени од имигранти, објави Ројтерс.
Предлогот на Мерц поминал во парламентот во средата, со поддршка на пратениците на Алтернатива за Германија (AfD), што предизвика бран јавни протести, на политичари, па дури и некои членови на неговата сопствена партија за наводно прекршување на договорот за избегнување соработка со екстремната десница.
Според достапните податоци, 67 отсто од гласачите поддржуваат постојани гранични контроли, вклучително и повеќе од половина од приврзаниците на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц.