Каја Калас: Путин не може да се смета за доверлив да одржи какво било ветување

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каја Калас: Путин не може да се смета за доверлив да одржи какво било ветување

Зборувајќи по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот состанок на украинските и неколку европски лидери со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, Калас нагласи дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен самит беше опипливо“,пишува „Гардијан“.

„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување“

Таа додаде дека ги ставила темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија на врвот на агендата за разговорите следната недела меѓу европските министри за надворешни работи и одбрана.

„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа, безбедносните гаранции мора да бидат доволно силни и веродостојни за да ја одвратат Русија од прегрупирање и повторно напаѓање“, напиша Калас на социјалната мрежа X.

Калас истакна дека безбедносниот пакет ќе вклучува обука на украински војници, зајакнување на вооружените сили и развој на домашната одбранбена индустрија. Таа додаде дека санкциите ќе продолжат да бидат насочени кон руската воена економија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата