-Ја понудив мојата оставка на претседателот, преземајќи ја одговорноста за сите превирања предизвикани од воената состојба, напиша тој во писмената изјава дадена за јужнокорејските медиуми.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол прогласи воена состојба вчера „за да ги искорени просевернокорејските сили и да се заштити уставниот поредок“, што предизвика бес кај мнозинството членови на парламентот кои гласаа за резолуција со која се бара укинување на воената состојба. /МИА