Во Кина се запали странски товарен брод, има загинати– се огласи и Си Џинпинг

10.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Кина се запали странски товарен брод, има загинати– се огласи и Си Џинпинг

Според извештаите на кинеските државни медиуми, пренесени од „Саут Чајна Морнинг Пост“, бродот бил на поправки на бродоградилиштето во времето на несреќата.

Реагирал и кинескиот претседател

Според државната агенција Ксинхуа, пожарот избувнал околу 11:15 часот по локално време додека бродот бил на одржување. Првите извештаи сè уште не го покажуваат точниот број на загинати или повредени, објавува Би-Би-Си.

На трагичната несреќа реагирал и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој побарал итно започнување на сеопфатна операција за пребарување и спасување. Тој, исто така, наредил брза истрага за да се утврдат точните причини за пожарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата