Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

10.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот на ноември..

Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во  Соединетите американски држави. 

Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни..

Според пресметките, ваквата идеја би чинела речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата, односно околу 1,35 трилиони долари, имајќи предвид дека во земјава има приближно 270 милиони возрасни жители.. Соперничките Демократи контроверзната понуда го нарекоа тоа празно и неостварливо ветување..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата