Израелскиот Кабинет за национална безбедност вечер ќе гласа за проширување на воената операција

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелскиот Кабинет за национална безбедност вечер ќе гласа за проширување на воената операција

Израелскиот Кабинет за национална безбедност во кој се вклучени некои од министрите во Владата, вечер ќе одржи состанок за да гласа за плановите за проширување на воената операција во Појасот Газа.

Воен претставник изјави дека властите веќе испратиле покани до илјада резервисти.

Министерот за национална безбедност од крајната десница, Итаман Бен-Гвир во интервју за Израелското воено радио изјави дека сака да види „моќно проширување“ на војната.

„Мора да го зголемиме интензитетот и да продолжиме сè додека не постигнеме целосна победа. Мора да извојуваме целосна победа“, нагласи Бен-Гвир.

Плановите за ескалација на воените дејствија во Газа по повеќе од 18 месеци војна доаѓаат во услови на продлабочување на хуманитарната криза во енклавата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата