Шолц во својот последен говор како канцелар повика на мирна и обединета Европа

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шолц во својот последен говор како канцелар повика на мирна и обединета Европа

Германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц повика на зачувување на мирна и обединета Европа и истакна дека Германија има посебна одговорност за зачувување на мирот во Европа поради својата историја, односно поради нацистичкиот режим за време на кој беа убиени милиони невини деца, жени и мажи.

Во својот последен говор како канцелар, на комеморативната церемонија по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа и ослободувањето на концентрационите логори во Меморијалниот центар Нојенгаме во Хамбург, тој рече дека е трагично „што рускиот претседател Владимир Путин повторно донесе војна во Европа“, наведувајќи дека тоа не смее да се толерира, пренесува Дојче Веле.

Шолц оцени дека Европа е олицетворение на слободата, демократијата и владеењето на правото, како и дека е „противтежа на крвавите ужаси на војната“ и затоа е неспоива со воениот империјализам и непочитувањето на меѓународното право. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата