Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

10.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

Силите на УНИФИЛ соопштија дека двајца нивни членови биле повредени во еден од инцидентите, кога израелски тенк пукал врз стражарското место во седиштето на силите во Накура, удирајќи во кула.

Во другите два инцидента нема жртви, изјави изворот од ОН. „Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на УНИФИЛ, додавајќи дека за ова прашање разговараат со израелската војска.

Засега нема коментар од израелската војска, која води засилена офанзива во Либан против силно вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Мировните сили УНИФИЛ беа формирани во 1978 година и се проширија по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Нејзини главни придонесувачи се Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека пукањето врз мировниците е „целосно неприфатливо“ и претставува јасно кршење на меѓународното право.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата