Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож

Чешката полиција соопшти дека утрово уапсила осомничен кој избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага.

Првично беше објавено дека двете жени се повредени, од кои едната тешко, но подоцна беше потврдено дека и двете починале. Засега нивниот идентитет не е откриен.

Полицијата го уапсила 16-годишниот осомничен на околу еден километар од местото на нападот, а во близина бил пронајден и ножот што најверојатно бил користен.

Чешкиот премиер Петр Фијала изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Она што денеска се случи во Храдец Кралове е апсолутно незамислив и ужасен чин“, напиша тој на платформата Икс.

Полицијата соопшти дека ситуацијата е под контрола и дека нема закана за јавноста. Засега не се објавени дополнителни детали. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата