Израел ослободи 200 Палестинци

25.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел ослободи 200 Палестинци

Поголем број од ослободените Палестинци ќе бидат испратени во егзил.

Претходно, Израел соопшти дека се ослободени 70 Палестинци откако Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија, кои беа киднапирани од базата во близина на границата со Појасот Газа, за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Тоа е втора рунда размена во рамките на Договорот за прекин на огнот, што стапи во сила минатиот викенд, а треба да ги запре борбите на најмалку шест недели. Во тој период треба да бидат ослободени десетина Израелци, заложници на Хамас и стотици Палестинци од израелските затвори, како и да се зголеми дистрибуцијата на хуманитарна помош во енклавата.

Првата размена беше на 18 јануари кога три Израелки беа разменети за 90 Палестинци.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека денеска Хамас требало да биде ослободена уште една жена цивил, посочувајќи дека Израел нема да им дозволи на Палестинците да се вратат во северниот дел на Газа, сè додека таа не биде ослободена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата