Според анкетите Фридрих Мерц лидер на конзервативната ЦДУ е главен фаворит на предвремените парламентарни избори.
За нов германски лидер се борат четворица кандидати: актуелниот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц, Фридрих Мерц, кандидат на главната конзервативна христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот заменик канцелар Роберт Хабек од Еколошката партија Зелени и Алис Вајдел од екстремната десница, антиимиграциската АФД. Според анкетите ниту една партија самостојно нема да може да формира влада.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за време на денешното гласање ги повика граѓаните со право на глас да излезат на изборите и да одлучат за иднината на земјата.
Имиграцијата и економијата беа клучните прашања за време на кампањата. Конзервативните демохристијани кои водат на анкетите, ветуваат политички промени.