Авионот, управуван од екипаж од регионалната авиокомпанија Беринг Ер, специјализирана за редовни патнички и карго летови до повеќе од 30 заедници долж северозападниот брег на Алјаска, бил на пат од Уналаклиет до градот Номе во западна Алјаска, објави Симплфлаинг.
Според најновите податоци, леталото исчезнало на околу 19,2 километри од брегот, а крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави (USCG) „лансираше HC-130 Hercules од воздухопловната база Кодијак за да ја започне потрагата. Цесната, со регистарски број N321BA, превезуваше еден пилот и девет патници FBRG45 на летот.
Според податоците од платформата Flightradar24, авионот полетал од пистата 33 на аеродромот Уналаклиет (UNK) во 14:37 часот. Потоа се сврте и продолжи директно на запад, постепено добивајќи надморска височина. Само 13 минути по полетувањето, авионот достигна височина од 7.725 стапки. Тој го продолжи летот кон запад и ја зголеми брзината на 160 јазли. Околу 15:11 часот авионот почнал постепено да се спушта. Flightradar24 ја забележал неговата позиција во следните пет минути додека се спуштал на 5.300 стапки. До 15:16 часот, неговата позиција повеќе не била достапна.
„Во моментов спроведуваме активна потрага на теренот од Номе и Белата Планина, но поради временските услови и видливоста, моментално сме ограничени во нашата воздушна потрага. Националната гарда, крајбрежната стража и државната полиција се известени и активно учествуваат во потрагата. Болницата Нортон Саунд е во подготвеност“, соопшти пожарникарската служба на Номе.
Подоцна е потврдено дека покрај веќе наведените сили, во потрагата по воздушен пат помагаат и авиони од базата Елмендорф, додека екипи на теренот го пребаруваат брегот до Топкок. „Се уште не е позната точната локација на авионот“, се вели во соопштението. „Продолжуваме да ги прошируваме напорите за пребарување во што е можно повеќе правци додека не се најде авионот.“
Околу 20:13 часот по локално време, противпожарната служба објави дека работи со Националната океанска и атмосферска управа (NOAA) за следење на „пукнатините во мразот во близина на брегот“. За време на пишувањето, не е позната судбината на авионот и неговите патници.