Според израелската војска, оперативците на Хамас ја користеле училишната зграда Халава за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, јави Тајмс оф Израел.
Палестинските медиуми јавија дека комплексот служел како засолниште за раселените жители на Газа, а во нападот загинале најмалку осум лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 30 лица биле ранети./МИА