На погребот, кој траеше околу два часа, присуствуваа околу 200 луѓе, меѓу кои и неговата ќерка Марин Ле Пен.
По церемонијата во црквата, Марин Ле Пен, членовите на нејзиното семејство и блиските пријатели на поранешниот лидер на екстремната десница, кој почина во вторникот на 96-годишна возраст, го придружуваа ковчегот до гробиштата, неколку стотини метри подалеку.
Жан-Мари Ле Пен беше погребан во семејната гробница, покрај неговите родители.
Ле Пен беше ко-основач на Националниот фронт, партија која подоцна прерасна во Национален собир (РН), и го водеше од неговото основање во 1972 година до 2011 година, кога се повлече од политичкиот живот. Партијата потоа ја презеде неговата ќерка Марин Ле Пен и таа беше нејзин лидер до 2022 година.
Церемонијата ја обезбедуваа силни безбедносни сили за да спречат евентуални инциденти, а во петокот префектот забрани протести во оваа општина во западна Франција, со оглкед на фактот дека во вторникот, денот кога Ле Пен почина, во неколку француски града имаше собирања на кои се славеше неговата смрт./МИА