Бајден му додели на папата Франциск претседателски медал на слободата

12.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден му додели на папата Франциск претседателски медал на слободата

Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 лица, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата.

„Претседателскиот медал на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, доделено на поединци кои дале исклучителен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Оваа недела Бајден го откажа патувањето во Рим, каде што требаше лично да се сретне со папата, поради катастрофалните пожари во Калифорнија./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата