Лекорну изјави за радиото Франс Инфо дека преговорите со Украина за вредните ретки минерали за француската одбранбена индустрија се во тек од октомври.
„На нашата одбранбена индустрија ќе ѝ требаат голем број на многу критични минерали од ретки земји за нашите системи за оружје, не само за следната година, туку и за следните 30 или 40 години“, рече тој.
Министерот рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски доставил голем број предлози, не само до САД, туку и до Франција. Во овој контекст, безбедносните гаранции се најважни за Зеленски и Украина за да се спречи нов руски напад во иднина.
За време на неодамнешната посета на Париз, Зеленски го покрена ова прашање како дел од неговата долгорочна стратешка визија за Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Зеленски ќе потпише многу важен договор за украинските минерали за ретки земји кога ќе ја посети Белата куќа во петок.