Кејти Пери оди во Вселената

28.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејти Пери оди во Вселената

Тоа ќе биде 11-ти лет со екипаж за „Блу ориџин“ и  ракетата „Њу шепард“, коишто веќе неколку години имаат понуди за вселенски туризам. Во леталото би требало да бидат и филмската продуцентка Кери Флин и поборничката против сексуалното насилство, Аманда Нгуен. Летот ќе се спроведе напролет, соопшти компанијата на Безос. 

За време на летот што трае неколку минути, патничките ќе може и да се откачат од своите седишта за да искусат лебдење во нулта гравитација.

Цените на билетите се чува во тајност.

Целосно автоматизираната ракета полетува вертикално и се враќа на Земјата, при што капсулата се одвојува во повратниот лет, во контролираниот пад со падобрани и ретро-погонско гориво. Главниот соперник на „Блу ориџин“ за вселенски туристички летови е британската „Вирџин галактик“ (Virgin Galactic), којашто нуди слично патувачко искуство.  /MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата