- Грција, во рамките на духот на солидарност и меѓусебна поддршка кон погодените земји, помага во операциите за гаснење на големите шумски пожари што беснеат во Шпанија и Португалија, преку Европскиот механизам за цивилна заштита, соопштија од Министерството.
Објаснија дека два противпожарни авиони Канадер ќе бидат испратени во Португалија со цел да ги зајакнат воздушните операции за гаснење пожари.
Паралелно, Грција на Шпанија ѝ понудила пешадиски тим од 20 пожарникари наменета, што било прифатено од шпанските власти. /МИА.