Германско МНР: Стотици германски државни службеници ќе бидат принудени да ја напуштат Русија

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германско МНР: Стотици германски државни службеници ќе бидат принудени да ја напуштат Русија

Руското Министерство за надворешни работи во април одлучи да го ограничи бројот на вработени во германските мисии и посреднички организации во Русија, како одговор на одлуката на Берлин да протера голем број руски разузнавачи, потсетува денеска Зидојче цајтунг.

„Ова ограничување, кое Русија го воведува од почетокот на јуни, налага сериозно намалување на местата во сите сфери на нашето присуство во Русија“, соопшти Министерството.

Според весникот, неколку стотици дипломатски позиции ќе бидат затворени, но најмногу ќе биде погоден секторот на културните посредници, како што се наставниците во германското училиште во Москва и значителен број вработени во културната организација „Гете институт“.

Дипломати на Германија и Русија во неколку наврати се протерани од соодветната земја во период на големи тензии, забележува ДПА.

Тоа значи дека застапеноста во земјата значително се намалува, поточно дека се нудат помалку услуги за германските граѓани и се пролонгира периодот за подготвување документи.

Војната на Кремљ во Украина доведе до значително влошување на ситуацијата, наведува ДПА.

„Со оглед на оваа еднострана, неоснована и необјаснива одлука, федералната влада ќе се погрижи да обезбеди минимално присуство на посредници во Русија, а истовремено да го задржи своето дипломатско присуство“, соопшти Министерството.

Тоа ќе биде можно само доколку „се намали, а во некои случаи и драстично намали бројот на вработените во сите сфери“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата