Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат

Тој ги повика и граѓаните со право на глас да излезат на изборите.

- Искористете го своето право на глас, излезете на гласање и одлучете за иднината на нашата земја со мислата дека вашиот глас може да биде одлучувачки, рече Штајнмаер додека гласаше во берлинско училиште кое, како и многу други во Германија, служи како избирачко место.

Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, додека предизборните анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) имаат најголема поддршка, но ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.

За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД). /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата