Министерството соопшти дека има индиции дека кампањата е поврзана со таканаречената проруска операција „Бура 1516“, која претходно беше забележана во кампањата за претседателските избори во САД во 2024 година.
Безбедносните агенции во Лајпциг и Хамбург идентификуваа повеќе псевдомедиумски страници и профили на социјалните мрежи како дел од проруска мрежа. Видео кое се споделува на социјалните мрежи во Лајпциг наводно сугерира дека кандидатката на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, била изоставена од изборната листа и дека за партијата не може да се гласа во градот.
„Операцијата 'Бура 1516' шири погрешна или лажна содржина преку социјалните медиуми и сопствените веб-страници, користејќи сензационални извештаи за да го зголеми својот опсег“, се вели во соопштението на Министерството.
Градските власти на Лајпциг соопштија дека операцијата прво создава неавтентични сметки на социјалните медиуми и псевдомедиумски сајтови кои служат како „спијачи“ и првично се исполнети со неутрална до проруска содржина пред да бидат активирани за ширење дезинформации.
„Градот во моментов испитува какви правни чекори треба да се преземат како резултат на овие видеа“, се вели во соопштението./МИА