Германија по 13 години повторно ја отвори амбасадата во Сирија

20.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германија по 13 години повторно ја отвори амбасадата во Сирија

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја отвори амбасадата за време на нејзината втора посета на Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад во декември, јави ДПА.

Италија повторно ја отвори својата амбасада во Сирија минатата година, пред падот на Асад, а Шпанија ја отвори потоа.

Бербок изјави дека е можен нов политички почеток меѓу Европа и Сирија, а исто така и меѓу Германија и Сирија.

Таа рече дека се очекува „во Сирија да има слобода, безбедност и можности за сите луѓе – за жените и за мажите, за луѓето кои припаѓаат на сите етнички групи и религии“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата