Фридрих Мерц од втор обид избран за нов германски канцелар

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фридрих Мерц од втор обид избран за нов германски канцелар

Од втор обид и со 325 гласа „За“ Фридрих Мерц попладнево и официјално беше избран за нов германски Канцелар. Гласањето дојде по историскиот дебакл на Мерц утрината, кога стана првиот кандидат за Канцелар кој не успеал мандатот да го осигура уште при првото гласање. Првично му недостигаа 6 гласа за да биде избран на функцијата, а бидејќи гласањето е тајно, за сега не е јасно кој од неговата коалиција со Социјал-демократите не му дал поддршка. Сепак, неколку часа подоцна, 69 годишниот лидер на конзервативците ги обезбеди потребните гласови. Прв му честиташе довчерашниот канцелар, Шолц

„За“ гласаа 325 пратеници. „Против“ гласаа 289 и има еден „Воздржан“. Избраниот Канцелар треба да го прифати исходот од гласањето. Ве прашувам господине Мерц, дали го прифаќате гласањето?“

„Госпоѓо претседателке, ви благодарам за довербата и го прифаќам исходот од гласањето. “

Сепак, дел од аналитичарите оценуваат дека денешното гласање може да фрли сенка на мандатот на Мерц и е индикатор дека има несогласувања во коалицијата.

„Мислам дека ова е вистински удар за целата негова понуда како иден лидер на Германија. Олаф Шолц успеа да биде избран за Канцелар, неговата коалиција потоа се распадна поради внатрешни несогласувања, но ако Фридрих Мерц не успее да го направи тоа во прв круг, тоа е навистина удар за неговата репутација.“

Мерц кој на изборите во февруари извојува убедлива победа за конзервативците, пред крајно-десничарската АФД стана кандидат за Канцелар по коалицискиот договор со социјал-демократите на доскорешниот канцелар Олаф Шолц кој пак доживеа дебакл на изборите. Токму Шолц, вчера на традиционален начин беше традиционално испратен од функцијата со хор на германската армија и песна по негов избор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата