Блокирајте ги насилниците во училиштата на социјалните мрежи, на своите деца држете им неделни часови за емпатија, донесете експерти за борба против насилството во училиштата и судовите – ова се ветувањата на француската Влада како одговор на зголемената загриженост низ целата земја поради малтретирање, предизвикано од неодамнешните самоубиства на деца чии семејства велат дека биле малтретирани преку Интернет или на училиште.
Многу родители веруваат дека францускиот образовен систем заостанува зад своите врсници во Европа во решавањето на ова прашање и само постепено го фаќа чекорот.
Премиерката Елизабет Борн вчера рече дека земјата ќе направи повеќе.
„Вие не сте одговорни за тоа“, рече Борн во пораката до децата кои се малтретирани.
„Ова низ што поминувате е неприфатливо, неподносливо. Вие не сте сами. Околу еден милион ученици во Франција доживеале малтретирање на училиште во изминатите три години“, рече Борн.
Во соопштението на Владата се наведуваат студии за малтретирање во училиште и на социјалните мрежи. Борн вети повеќе персонал посветен на борбата против малтретирањето во училиштата и повеќе советување кое го финансира државата за жртвите на малтретирање.
Планот вклучува и предлози за заострување на казните за малтретирање, како што е забрана на сторителите да пристапуваат до социјалните мрежи до една година, одземање мобилни телефони од насилниците и изрекување затворски казни до 10 години за тие кои се вклучени во нечие самоубиство.