Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран

Министрите за надворешни работи на таканаречената група Е3, односно Франција, Велика Британија и Германија, вчера им пишаа на ОН за можноста за „брзо враќање“ на санкциите врз Иран, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на писмото до кое имал пристап.

„Јасно ставивме до знаење дека доколку Иран не е подготвен да постигне дипломатско решение пред крајот на август 2025 година или не ја искористи можноста за продолжување, Е3 е подготвена да иницира механизам за брзо враќање на санкциите“, наведуваат шефовите на дипломатиите на трите европски земји во писмото.

Предупредувањето од Е3 доаѓа по „сериозните, искрени и детални“ разговори со Иран во Истанбул минатиот месец, првата директна средба по израелските и американските напади врз нуклеарните постројки на земјата.

Британските медиуми не можеа веднаш да го потврдат извештајот, а владите на Велика Британија, Франција и Германија не одговорија веднаш на барањата за коментар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата